Полицискиот час продолжува до 6 април

Владата на денешната седница донесе одлука да биде продолжена да биде продолжен полицискиот час во целата држава од 22:00 до 05:00 часот. Одлуката е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести. Досегашната одлука истекуваше денеска.

Епидемиолозите и здравствените власти изјавуваа дека резултатите од полицискиот час во изминативе денови треба да се видат веројатно оваа седмица. Последниве десетина дена Македонија е на самиот врв од третиот бран со многу заболени и починати, а масовната вакцинација уште не е почната.

Министерот за здравство, Венко Филипче, неколку пати изјавуваше дека ќе се размислува за порестриктивни мерки ако ситуацијата дополнително се влоши.

Total
0
Shares
Поврзани објави