Политико: Софија признава македонски идентитет, Скопје бугарски корени

На вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел наводно бил постигнат некаков компромис, којшто ќе овозможи да почне првата Меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија.

Бриселски Политико утринава, повикувајќи се на дипломатски извор, кусо објави  дека компромисот предвидува Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици и ќе го признае македонскиот идентитет, а за возврат, Северна Македонија ќе треба да ја признае ‘историската вистина’, како што е дефинирана од Софија, и да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет и официјален јазик.

На Твитер за ова се огласи и Карл Билт, кој вели дека добрите вести се дека ЕУ дипломатите го деблокирале почетокот на пристапните преговори со Македонија.

„Како и секогаш, во регионот имало комплексни историски прашања за решавање, овојпат со Бугарија“, напиша Билт.

Total
0
Shares
Поврзани објави