Полицаецот од Битола го призна свирепото убиство во Прилеп

Полицецот Енвер Тоска признал дека прво го убил па запалил 36-годишниот Бекир А. од Битола убиство што се случило вчера околу 16.30 часот на патот за селото Беловодица, Прилепско.
Прилепското обвинителство убиството го води како свирепо убиство. Вчера во 16.30 часот телото на патот за селото Беловодица го пронашол рибар.
– Телото беше делумно изгорено, главно на главата но препознатиливо на лицето. Во себе имаше и документи за идентификација и станува збор за 36-годишен Б.А од Битола. Покрај телото се пронајдени траги од два автомобила од кои едниот, најверојатно голф и констатирано е дека е со битолски регистерски таблички. Околу телото се пронајдени четири чаури и едно зрно, најверојатно од пиштол што треба да го утврди вештачењето. Убиството е извршено свирепо. Наредена е обдукција, изјави портпаролот на полицијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави