Полицаецот Тоска и убиенот биле соседи и добро се познавале

Полицаецот Енвер Тоска кој го уби и запали Бекир Алили и му украде од џеб 4000 евра е во 30 дневен притвор. Тие биле соседи и се познавале од поодамна. Алили бил многу мирен човек кој работел во продавница. Тоска бил често во продавницата но се уште не е познато дали имале некое недоразбирање. Но оние кои ги познаваат и двајцата велат дека Тоска бил насилен човек кој користел стериоди но се сомневаат дека земал и други недозволени супстанци. Не бил познат во градот но преку ноќ посебно откако станал полицаец почнал често да менува скапи автомобили и да покажува сила. Битолчани знаеле дека некој ден и ќе направи инцидент , но никој не ни верува дека можело до ова да дојде да си го убие соседот на свиреп начин. Го намамил за наводна договорен продажба н аавтомобил но на слеп пат го застрелал му ставил крпа на глават го полил со бензин и го запалил.
Денеска Алили беше погребан Алили во роднто село тетовско Јеловјане. Жителите шокирани и со неверување дека младиот Алили е така свирепо убиен од човек со кого подолго се познавал. Тие се сомневаат дека убиството било планиран но мотивите се уште се истражуваат.

Total
0
Shares
Поврзани објави