Поради недостаток на возила Итна помош Куманово мора да врши селекција на повиците

Итната медицинска помош од Куманово поради недостиг на возила и персонал, а во контекст на новонастанатата состојба со Ковид 19, започна да врши селекција на повиците.

Како што информираат од Итната помош се примаат повици само за животно загроувачки состојби.

Затоа ве молиме да не ја злоупотребувате Итната медицинска помош  за барање за транспорт до болница, за посети на хронично болни кои имаат таблетарна терапија препишана од матичен лекар или лекар специјалист, за пациенти кои се во изолација, а не се животно загрозени. Сите можат да добијат совет во секое време или транспорт до Инфективното одделение во Куманово по препорака на доктор епидемиолог, стои во соопштението на кумановската Итна помош.

Итната помош од Куманово располага со осум лекари, по двајца во смена, и три санитетски возила, од кои една екипа и едно возило се користат за транспорт на пациенти позитивни на коронавирусот до инфективното одделение во Куманово или до Инфективната клиника во Скопје, поради што Итната помош некогаш останува со само една екипа и е принудена да прави селекција на повиците.

Од таму апелираат за разбирање, од граѓаните бараат да останат дома и да го чуваат своето здравје и здравјето на другите.

извор: kumanovskimuabeti.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави