Поранешниот директор на Фондот за здравство Дончев повикан на разговор во полициска станица

Поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Даниел Дончев попладнево бил да даде изсказ во полициска станица, по покана од Министерството за внатрешни работи за објавените снимки на кои се гледа дека става пари во торба.
„Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности презема самостојно дејствија. Лицето било повикано да даде исказ по последните снимки што беа објавени во јавноста. Доколку МВР утврди елементи на кривично дело, по кои се постапува по службена должност, ќе достави соодветен поднесок до Обвинителството, по кој Обвинителството ќе преземе понатамошни дејствија за расветлување на случајот“, велат од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека Дончев бил уредно повикан да даде изјава за објавените снимки, тој самиот попладнево доѓол во полициската станица, а по извршениот разговор заминал.

По објавување на аудио и видео снимки на кои се гледа како Дончев става пари во торба, Обвинителството соопшти дека нема да постапува по нецелосни снимки и порача тие да се достават во МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави