Последниот разговор на момчињата од Смилковско со другарите : Еве се пакуваме доста рипче фативме , тргаме за кратко…

Вчера беше годишнината од свирепото убиство на момчињата и рибарот кај Смилковско Езеро. За убиството се води судски процес кој иако се врака на почеток и трае долго не даде ниту еден одговор на дилемата за мотивот на убиството.

Досие разговараше со еден од пријателите на момчињата кој и по толку години е потресен од она што се случи вели дека е последниот другар со кои тие разговарале. Дваесетина минути подоцна се разбрало дека нешто се случило.

Убиството се случи од 19:45 до 20:05. Ние во 19:45 разговаравме последен пат со Александар Наќевски, заедно со мојот другар. Ни рече

Еве се пакуваме доста рипче фативме , тргаме за кратко накај наслеба, почекајте не…

Во 20.05 кога звоневме кај Александар телефонот му беше исклучен , како и на другите . Само на Филип Славковски звонеше телефонот но никој не се јавуваше. Во тие 20 тина минути биле убиени, сведочи за Досие, другар на Александар.

Сите приказни за нивна наводна вмешаност во некакви други ситуации или одмазди се едноставно голема лага и конструкција. Беа убиени . Тоа беше терористички обред – вели нашиот соговорник со кого Досие разговараше кој во понатамошните наши истражувања ќе го открие идентитетот. Во иднина ќе изнесеме и нови детали се со цел да се дојде до вистината кои и зошто ги уби децата и дали на самото место биле многу повеќе луѓе отколку што се сега во судница. Едноставно децата биле во погрешно време на погрешно место и се жртва за нечии повисоки цели.

К.Мачкиќ

Total
0
Shares
Поврзани објави