Пожар во сендвичара и дојава за бомба го испразни Сити Мол- вработените се враќаат на работа

Пожар во една сендвичара и дојава за бомба се денешните причини за евакуација на вработените и купувачите во скопскиот трговски центар „Сити мол“.

МВР потврди дека денеска било пријавено во 12 часот дека добиле повик за дојава за поставена бомба во трговскиот центар.

-Екипи на МВР од Единицата за антитероризам се излезени на терен. Во тек е проверка на пријавата, информираат од МВР.

Засега вработените во придружба на полција се враќаат во дуќаните а улиците околу молот се блокирани.

Total
0
Shares
Поврзани објави