Пожар во стан во Ново Лисиче, повредено едно лице

Едно лице е полесно повредено во пожарот кој денеска избувна во стан во Ново Лисиче.

Од МВР за Курир информираат дека добиле пријава за пожар во 9:55 часот во стан лоциран на булеварот „АСНОМ“.

Во пожарот со повреди се здобил сопственикот на станот 42 годишниот скопјанец А.З.. Во моментот на пожарот во станот биле и неговите мајка и татко кои минале без повреди.

Од пламенот оштетен е и надворешниот дел на станот над нивниот. Пожарот е локализиран од противпожарните екипи.

Увидот ќе ги утврдува причините на настанување на истиот.

Total
0
Shares
Поврзани објави