Пожар во стан во Охрид, сопственикот и семејството во болница

Цело семејство од Охрид е пренесено во болница поради вдишување чад откако избувнал пожар во нивниот стан.

Според информациите на полицијата, вчера околу 07 часот бил пријавен пожар во стан на улицата „Карпош Војвода“, сопственост на К.Џ.(70) од Охрид.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а К.Џ. и неговото семејство поради вдишен чад биле пренесени во Медицински центар Охрид.

Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид. Се утврдуваат причините за пожарот.

извор: Makfax foto: ilustacija

Total
0
Shares
Поврзани објави