Пожарникарите бараат да не им бидат намалени и така малите плати- нашата хуманост и солидарност сме ја докажале безброј пати

По одлуката на Владата за намалување на платите во администрацијата, а истоврмене изземање од одлуката на полицијата и војската, реагира синдикатот на пожарникарите. Во оваа служба која е од витално значење за функционирање и за безбедноста на државата вработените со години наназат се борат за зголемување на малите плати и подобрување на опремата со која работат како и исплата на заостанати додатоци на плата. Во текот на пандемијата Ковид 19 која ја зафати нашата држава, пожарникарите се први кои со полицијата и војската им помагаат на граѓаните и државата во справување со кризата. Затоа бараат и тие да бидат изземени од одлуката за намалени плати.

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје преку ова јавно обраќање сака да ја запознае јавноста во Република Северна Македонија дека не се согласува со уредбата со сила на закон која ја донесе владата за неисплаќање на додатоците на плата за месец април и мај за сите вработени во јавниот сектор освен за медицинско и помошно –техничкиот персонал во јавните здравствени иституции, припадниците на МВР, на Министерство за одбрана и кабинетските службеници објавена во службен весник на 07.04.2020 а потоа и дополнета со изземање и на припадниците на затворската полиција вработени во Министерство за правда.

Почитуван премиере и министри на владата нашето несогласување изразено на почетокот од ова соопштение не е за тоа што нашите и онака мали плати повторно се намалени ние сме во духот хумани и солидарни и тоа безброј пати сме го покажале па така и сега свесни за состојбата во која ни се наоѓа татковината потешко ни паѓа тоа што како многу пати досега и овој пат сведоци сме на несоодветниот третман кој за разлика од полицијата и војската ја имате за нашата работа која тврдиме па и во овие услови е поризична и потешка. Бараме да ни биде удоволено нашето барање за изземање од оваа одлука и сакаме да знаете дека пожарникарите се големи во срцата и душите и со сите ризици кои ги носи оваа професија ќе ги издржат и ќе бидат и понатака сервис на граѓаните но сепак мислиме дека како што припадниците на специјалните единици ‘’Тигар’’ и ‘’Волк’’ во рамките на МВР и МО интервенираат само во исклучителни ситуации а нив не ги погаѓа оваа уредба така и ние треба да бидеме ставени во редот на униформирани интервентни служби и така и третирани и во овој случај, велат од синдикатот на пожарната служба.

Total
0
Shares
Поврзани објави