Пожарникарите ја бараат плата која им е предвидена со закон и потврдена од суд

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје преку ова јавно обраќање сака да го изрази своето незадоволство и да ја запознае јавноста и поготово медиумите со состојбата во која се наоѓаат не по своја вина. Имено со години наназад градските власти кои кога зборуваат за нас употребуваат фрази од типот (Нашите заштитниции,хероите на градот и сл)исплаќаат плата на пожарникарите спасители пониска за 20% од сумата која што треба да ја исплаќаат ,поради тоа секој пожарникар во минатото почнувајќи од периодот 2014-2017 го тужи градот и од судот добива пресуда со право на оштета која градот заедно со сите трошоци, камати и друго вкупно го чини околу 85-90 милиони денари или околу 1 милион и 400 илјади евра. Секако овие пари би биле далеку помалку ако градот се согласи да ја покачи платата на пожарникарите за 20 % и секој од нас добие по околу 5000-6000 денари поголема плата односно наместо сегашните во просек 20.000 денари да добиеме плата блиску до републичкиот просек односно 25.000 денари. Бараме од медиумите и од јавноста сојузник во оваа наша борба за домаќинско трошење на јавните пари и добивање право на плата која ни е предвидена со закон и потврдена од суд. Предупредуваме дека ваква е состојбата со повеќето општини низ државата и ја повикуваме градската администрација во соработка со нас како Синдикат на пожарникари на град Скопје да преземе чекори кои се потребни за да пресметката на плата биде корегирана и исплатена во износ кој го налага судот а со тоа ќе бидат заштедени средства од буџетот кој сега непотребно се трошат.Се надеваме дека на овој начин и со помош на јавноста ќе бидат алармирани институциите да ја работат својата работа а истовремено домаќински да ги трошат јавните пари како не би имало потреба од поинакви форми на протест.

Претседател

Борис Трајкоски

Total
0
Shares
Поврзани објави