Пожарникарот кој вчера почина на интервенција имал срцев удар, качувал опрема до 6ти кат

Причините за смртта на 57- годишниот штипски пожарникар Ѓорѓи Џонов, кој почина синоќа гаснејќи пожар во населбата Автокоманда во Штип ќе се знаат по обдукцијата. Ваква наредба даде јавен обвинител по увидот на местото каде пожарникарот почина.

Според првичните сознанија се работи за срцев удар. Пожарникарот се качувал 6 ката пешки носејќи апарати за гасење на пожарот кој избувнал во оџак од зградата.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова изјави дека настанот се случил околу 17 часот и 15 минути. Во гаснењето на пожарот на запален оџак во зграда во населбата Автокоманда на пожарникарот Џонов му се влошила здравствената состојба, при што паднал. Неговите колеги му ја дале потребната помош, но од лекарите на Итнатата медицинска помош на местото на настанот е констатирана смрт.

Total
0
Shares
Поврзани објави