Пратеникот Арнаудов до медиумите: “Давам изјава за 50 евра”

Пратеникот Љубен Арнаудов, за кого заедно со неговите колеги од парламентот, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, ќе има амнестија, на новинарско прашање дали ќе поднесе барање за амнестија, на новинарите им одговори: „Изјава давам за 50 евра“.

Ова се случи пред нивното влегување во судот каде денеска продолжува судењето за 27 април се до објавувањето на Законот за амнестија во Службен весник. Законот е на потпис кај Претседателот на државата Ѓорѓи Иванов.

Внатре во судницата Игор Југ за кого амнестијата нема да важи им се развика на пратениците, а на еден од нив со погрдни зборови му рече дека се крие од останатите во судската сала.

Total
0
Shares
Поврзани објави