Пратеникот Бесими го врати мандатот за брат му да стане министер

Флорин Бесими од ДУИ се откажа од пратеничката функција по 19 дена откако го доби мандатот.

Ова следува откако антикорупциската комисија утврди судир на интереси доколку тој гласа за неговиот брат Фатмир Бесими кој е предложен за министер за финансии. Преку соопштение Бесими вели дека одлуката ја донел во координација со лидерот на партијата Али Ахмети.

-Останувајќи убеден во принципите за еднаквост, правда, еднакви можности за сите, и почитувајќи ги во целост законите како и вољата на народот, изјавувам дека останувам доследен и го враќам мандатот на пратеник во Собранието на РСМ, со цел да се избегне можен конфликт на интереси со мојот глас во Собранието. Оваа одлука ја донесов на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада, која произлезе од гласот и слобота воља на граѓаните на парламентарните избори одржани на 15 јули.- пишува во партиското соопштение.

За во иднина да нема вакви случаи и постапките на пратениците да бидат етички, поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева вели дека Собранието треба да воспостави пракса што ќе важи за сите. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави