Пратеникот од СДСМ ја претепал сопругата оти сакал да и ги земе децата

Пратеникот Костадин Ацевски од СДСМ е мажот кој вчера ја нападнал и претепал сопругата, тој е пријавен во полицијата во Ѓорче Петров. Информацијата за овој немил настан синоќа ја објави „Република“.

Утрово од МВР за „Република“ велат дека расправијата меѓу сопружниците започнала, бидејки Ацевски сакал на сопругата да и ги земе децата.

На 27.11.2019 год во 21,30 часот во СВР Скопје се јавила М. А. (37) од Скопје и пријавила дека сопругот К.А. (40) од Скопје се расправал со неа и сакал да ги земе со него нивните деца. Полициски службеници излегле на местото на пријавата за расчистување на случајот, стои во информацијата од МВР.

Неофицијално, „Република“ дознава дека ова не е прв случај сопругата да го пријави Ацевски за семејно насилство.

извор: Republika.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Русија исфрлена од Евровизија

Русија нема да учествува на годинашната Евровизија во Торино откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја исфрли од натпреварувањето…