Правда: Груевски не е упасен

По објавувањeтo на информации од српски медиуми дека Никола Груевски е уапсен , пренесени кај нас но и барањето на некои политички субјекти за одговорност од надлежните институции пред малку Министерството за Правда одговори:

Демантираме уште една од многуте лажни вести деновиве – целосно ги отфрламе изнесените невистини дека Никола Груевски е уапсен и дека Министерството за правда не бара негова екстрадиција. 

На јавноста ѝ е познато дека Министерството за правда веднаш по бегството на Никола Груевски – уште минатата година, испрати барање за негова екстрадиција и истото беше одбиено. 

Во прилог на ова е последниот доспис од 31 октомври 2019 година, од унгарското Министерство за правда, во коешто нè информираат дека по одбивањето на екстрадицијата, документите биле испратени во унгарското обвинителство. 

Унгарското Министерство за правда, исто така нè информираше дека Јавниот обвинител одлучил да не иницира кривична постапка, ниту било какви други мерки против Никола Груевски.

соопштение Министерство за правда

Total
0
Shares
Поврзани објави