Правеле забава во подземна гаража во Карпош: Уапсени осум лица

Осум лица се уапсени откако биле откриени како прават забава во подземна гаража во скопско Тафталиџе.

На 04.01.2021 во 03.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош ги лишиле од слобода Ф.А.(26), В.С.(32), М.Б.(30), И.С.(28), Д.Д.(34), Ц.С.(32), Д.П.(33) и С.П.(30), поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ – информираат од МВР.

Осумте лица биле затекнати во подземна гаража на ул.„Анкарска“ во Скопје на организирана прослава, спротивно на мерките и протоколите за забрана за групирање на повеќе од четири лица, со цел спречување на ширење на корона вирусот.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од Кривичниот законик.

Total
0
Shares
Поврзани објави