Пред уставен се спори правото на ЕВН да исклучува струја на домаќинствата

Aдвокатот Стојанче Геровски денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на неуставност на одредби од Законот за енергетика, со кои ЕВН ги исклучува домаќинствата од системот за напојување со електрична енергија поради неплатени сметки.

Адвокатот Геровски се надева дека уставните судии кога ќе ја разгледат иницијативата ќе се водат чесност и правичност и со тоа ќе стават крај на повеќе децениското незаконито постапување од страна на ЕВН.

„Со едно вакво прифаќање на Иницијативата за поништување на одредбите, Уставниот суд ќе застане на страната на правдата и пред се ќе ги заштити ранливите категории на граѓани, иако оваа Иницијатива се однесува сите домаќинства, односно за сите граѓани на Република Македонија, истакна Геровски.

Тој смета дека самиот Закон упатува дека ЕВН има обврска непрекинато и во континуитет да испорачува електрична енергија, а исклучувањето е можно само в о одредени ситуации.

„Тоа е само во случај на поголеми хаварии, каде што се исклучени една, две улици, или една – две населби, или поголеми региони, зависно од хаваријата. Или во услови на виша сила каде што нема човечки фактор“, смета Геровски.

Според него, во други ситуации компанијата нема право да ја исклучува струјата посебно за неплатени сметки за струја, кои треба да бидат докажани во легитимна судска постапка пред надлежен суд.

Total
0
Shares
Поврзани објави