Предвреме родениот Василиј и по операција на срце си замина дома

Емилија Јованоска, која пред три месеци роди предвремено бебе со само еден килограм и со сериозни здравствени проблеми, со малиот Василиј деновиве си замина од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и конечно се врати дома.

Нејзиниот син е роден на 14 мај предвреме, во 27 гестациска недела со тежина од само еден килограм, а за неговиот случај јавноста дозна од апелите на Емилијана на социјалните мрежи за помош. 

Мајката Емилија нема задршка на среќата и е благодарна на Бога кој ги слушнал молитвите, но најмногу до докторите од „Аџибадем Систина“ кои биле одлични и му дале шанса на Василиј да има нормален живот.

„Прекрасно е чувството. После три месеци си одиме дома, а имаме долга борба пред нас, таа  сега почнува. Сепак она што еважно е што со интервенцијата има надеж. Докторите го дадоа својот максимум и јас имсе заблагодарувам. Впрочем тоа беше битка, која немаше да има убав крај без сиот персонал овде, од „Аџибадем Систина“ . Поради зафатот бебето беше префрлено на кардиохирургија каде докторите ја завршија одлично работата, вели Јованоска за Фактор.

Емилија благодари и на сите граѓани кои донираа и со што впрочем се покри лекувањето на неонатална интензивна нега. Интервенцијата пак е покриена од државниот Фонд за здравствено осигурување.

Отворениот канал на срцето кон белите дробови или таканаречениот дуктус артериозус перзистенс всушност по раѓањето треба спонтано да се затвори, но тоа кај Василиј не се случило. Дуктусот ги оптоварувал неговите бели дробови и по испитувањата во „Аџибадем Систина“ беше утврдено дека треба да се направи хируршко затворање.

„Многу ми е драго затоа што по голема борба Василиј си оди дома. Се надеваме дека ќе има квалитетен живот. Му посакуваме убаво здравје. Секако ќе има дополнителни контроли кои и понатаму ќе се прават кај нас во „Аџибадем Систина“. Драгоми е што мултидисциплинарниот пристап во болницата вроди со плод. Тоа значи дека беа опфатени сите аспекти на лекување, благодарност за големата соработка од колегите од гинеколоија и педијатрија, вели д-р Чадиковски за Фактор. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави