Прекината потргата по 16 годишното момчето во Преспанско езеро

Безуспешна  е 24- часовната потрага по 16 -годишното момче од ресенско, кое исчезна во водите на Преспанското езеро. Четворицата нуркачи од  МВР вечерва  го  прекинаа пребарувањето, но, ќе продолжи  утре, со засилување од полицискиот  тим за специјални задачи.

Инаку настанот се случи вчера околу 18 часот во туристичката населба Претор, кога тројца другари изнајмиле педалинка, но набрзо едниот од нив потонал во езерото и не испливал на површина. Што се случило засега не се знае, но сопственикот кој ги издава педалинките, тврди дека момчињата скокале во вода.

„Тие учат заедно со моето дете, многу ни е криво. Педалинката беше исправна, не беше превртена, немаше вода во неа. Некој рекол дека педалинката е превртена, нема такво нешто, децата скокнаа од педалинката“, изјави Ведат Адемовски, сопственик на педалинката.

Месното население и рибарите веднаш започнале да потрага по момчето,  а подоцна се вклучија и  нуркачи од Битола, Охрид Скопје,  кои во текот на целата ноќ  и денеска го пребаруваа езерото, што исто така беше безуспешно поради  густите треви и матната вода. Нуркачите велат дека   трите момчиња биле+ непливачи,а  никој од нив не носел елек за спасување.  Дали 16 годишникот скокнал или се лизнал од педалникта, засега е неизвесно. Трите момчиња со педалинката биле на 400 метри оддалеченост од брегот на  место каде водата достигнува неколку метри длабочина.

„Можам да кажам дека некаде на 4 метри било, некои знаци давале на 4 до 4,5 метри. Претпоставка е, тоа е од кажување“, вели Адемовски.

Оваа трагeдија целосно ја испразни плажата во Претор, која за овој продолжен викенд беше полна со туристи.  Во Преспа речиси и да нема сезона без ваква несреќа.

Total
0
Shares
Поврзани објави