Премиерот Спасовски ги нарекол криминалци жителите на Синичани

Техничкиот премиер Оливер Спасовски вчера во телефонски разговор со обвинителката Лејла Кадриу, ги нарекувал жителите на тетовското село Сеничане криминалци, а обвинителката ја обвинил дека ги штити нив. Овој разговор се случил поради интервенцијата на специјалната полиција со цел да спречи изградба на водовод во селото со обајснување дека се работи за дивоградба, а обвинителката го тврди спротивното. Иако обвинителката Кадриу наредила полицијата да се повлече, таа одбила да ја спроведе наредбата.

Во разговорот, кој е објавен во медиумите на албански јазик, јасно се слуша како обвинителката Кадриу му вели на премиерот Спасовски дека ја навредува и дека тоа е неприфатливо.  

„Јас сум обвинител кој раководи со предистражна постапка. Не навредувате. Сега ќе излезам на прес и ќе кажам како вие како премиер се однесувате кон јавниот обвинител. Тоа е нечесно.  Јас постапувам по закон, вие штитие криминал. Не можете вака да се однесувате со мене. Јас сум таа што викам дека овде нема  криминал и не можете вака со мене да разговарате“, вели во разговорот Кадриу.

Total
0
Shares
Поврзани објави