Пресудата за “Диво Насеље” се одлага, полицијата презафатена со изборите

Денес во 13,45 часот во Основен суд Скопје 1 Скопје пристигнало барање од МВР на РМ – БЈБ, во кое е наведено “ поради зголемен ангажман на МВР поврзан со обезбедување на Локалните избори и обезбедување на делегации од странство во Република Македонија, а при кои обезбедувања се ангажираат голем број полициски службеници, судското рочиште закажано за 17.10.2017 година по предметот II КОК.бр.127/15 да се одложат за друг термин после 01.11.2017 година”. Пресудата ќе биде соопштена на втори ноември.
#соопштение Основен суд 1 , Скопје

Total
0
Shares
Поврзани објави