Пресудата за крвавиот четврток напишана на 1056 страници

Пресудата за крвавиот четврток е напишана и странките веќе може да ја добијат. Пресудата е обемна напишана на 1056 страни. Рокот за жалба е 15 дена.

Кривичниот суд донесе пресуда за предметот за настаните во Собранието од 27 април според која има една ослободителна а останатите осудителни пресуди.

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, е осуден на затворска казна од 18 години, а полициските началници Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски  добија затворска казна од 15 години.  Оливер Поповски е осуден на 13 години затворска казна, Мунир Пепиќ на 15 години, Абдуљфета Алими на 7 години, Оливер Радулов на 10 години, Јане Ченто на 15 години, Игор Југ на 12 години, Александар Василевски-Нинџа на 8 години, Никола Митревски-Кољо на 15 години, Младен Додевски на 12 години, Горанче Ангеловски на 12 години, Влатко Трајковски на 15 години и Вилијам Михајловски на 14 години затвор.

За настаните во Собранието беа обвинети 33 лица. Тие се гонеа за терористичко загрозување на уставниот поредок. 15 од обвинетите беа амнестирани со Законот за амнестија меѓу кои и пратеници во Собрание. Обвинетите во судскиот процес за „27 април“ во текот на постапката ја негираа дека се виновни.

Во моментот трае постапката околу новиот судски предмет за овој случај односно за осомничените организатори на настаните меѓу кои и Никола Груевски за кои е објавено дека ќе се бара екстрадиција од Будимпешта.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Боки 13 итно хоспитализиран

Поради влошување на здравствената состојба, Бојан Јовановски, е задржан на лекување во болницата за хируршки болести „Св.Наум Охридски“.…