Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски позитивен на коронавирусот

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски е позитивен на коронавирусот и со неговата сопруга остануваат дома во изолација.

Министерството за здравство информира дека претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на вирусот ковид-19. Тој се чувствува добро и останува дома во изолација. Во изолација останува и неговата сопруга.

Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Total
0
Shares
Поврзани објави