Претседателот на Косово Хашим Тачи поднесе оставка

Претседателот на Косово, Хашим Тачи поднесе оставка откако Специјалниот суд го потврдил обвинението против него за извршени воени злосторсства за време и по завршување на војната во Косово во 1999 година.

Тачи рече дека ова не се лесни времиња за него, неговото семејство и поддржувачи за слобода и независност.

„Ќе соработувам тесно со правосудните органи и од овој момент сум на нивно располагање верувајќи во правдата, вистината и помирувањето и на иднината на Косово“, рече Тачи.

Тој вели дека оставката ја поднел со цел да го сочува интегритетот на институцијата претседател на Косово, на државата Косово и на нејзините граѓани, како и почитувајќи го партнерството со меѓународниот фактор.

„Се чуствувам многу горд за одговорнистите што сум ги извршувал за изминатите три децении“, рече Тачи. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави