Претседателот на Кривичен забранил адвокати да користат лифт?

Адвокатот Јанаки Митровски на својот ФБ профил објави како денеска поминал во новата зграда на Кривичниот суд каде требало да оди на еден од погорните спратови на судење. Судската полиција не му дозволила дури и со закана за примена на сила, со оправување дека така Џолев рекол. Оваа судска зграда иако долго се градеше веќе се распаќа, внатре не се води доволно грижа за хигиената ,а лифтот за странки не работи.

Во продолжение целата сага на адвокатот да стигне на време на судење.

-Локација нова зграда на Кривичен суд Скопје 1.Судење имав во 11 часот.Влегувам и бидејки лифтот за странки нормално не работи, се упатувам кон т.н. службен лифт, демек за вработените и судиите.
-На пауза се адвокат, ми вели судскиот полицаец.
-На лифт одам, му одговарам јас
-Ама тој е службен лифт само за вработени и судии.
-Е како вчера обвинителка ни се пофали на 6 спрат дека си го користи тој лифт.Така да и јас ке си го користам.
Влагам во делот каде е службениот лифт и таму друг полицаец.
-Повелете?
-На лифт одам.
-Ама господине овој е службен лифт.
-Е како вчера обвинителка се качи со лифтов.
-Ама за обвинители смее за адвокати не(DaFaq?!)
-Во мегувреме улетува и првиот полицаец и застанува позади мене.
-Кој тоа Ви вика? Јас и ЈО сме странки и треба да имаме еднаков треетман пред судот.Чим обвинителите го користат ке го користам и јас! Од каде тоа дека обвинители смеат да го користат, адвокати не?
-Претседателот така нареди.
-Судија Џолев?
-Да?
Првиот полицаец се вмешува и ме предупредува дека ако инсистирам да се качам на лифтот ке ме приведел
-Молам? Еве јас сеа ке се качам ти слободно обиди се да ме приведеш.
И на крај скапаницата од лифт заглави на седми и пак морав пешки да се качувам.Но не е тоа поентата.Погледнете го односот на судот кон адвокатите а каков е кон обвинителите.Иако формално сме странки со исти права пред судот, тоа никогаш не било така, и најубаво се гледа од вакви банални примери-лифт само за ЈО, ние чекаме во чекална, ЈО си влага преку службен влез.И повеќето колеги си го прифакаат тоа бидејки поважно им е да клатат глава, почнувајки од нашата Комора па надаље.Затоа адвокатурата е на ова дереџе, од клати глава адвокатчиња!!!!
П.С. Го барав и претседателот на суд не беше тука, па да искористиме да го прашаме Судија Џолев вистина ли е дека сте дале наредба адвокати да не смеат да го корристат службениот лифт, а обвинители смеат? Искрено не сакам да верувам дека е тоа така!!!!

Total
0
Shares
Поврзани објави