Претседателот на општинската организација на СДСМ -Неготино Јане Трајков се изјаснил како припадник на албанска националност за да се вработи по етнички клуч во Инспекторат за земјоделство, обелоденува порталот ЛИДЕР.
Трајков е вработен како помлад соработник за реализација на проекти, Одделение за проекти, Сектор за проекти и административна поддршка на директорот во Државниот инспекторат за земјоделство.
Сите вработени се членови на СДСМ и сите се пишале дека се Албанци за да се вработат во Инспекторат за земјоделство.
Помеѓу нив се Штерја Гогол, Силвана Трбогазова, Јане Трајков, Апостол Бакев, пишува порталот.