Прилепскиот градоначалник бара помош од армијата

Последните податоци покажуваат дека влегуваме во втората фаза на пандемијата, во која бројот на заболени граѓани од општина Прилеп, рапидно се зголемува, изјави денеска градоначалникот Илија Јовановски.
„Од 75, што е вкупниот број на заразени граѓани со коронавирус, регистрирани преку Центарот за јавно здравје – Прилеп, 72 се од општина Прилеп. Од нив работоспособни се 2 третини, а другите се повозрасни граѓани од 60 годишна возраст и деца.

Заради сето ова, и прогресијата на новозаразени со коронавирусот во нашата општина, барам воведување на дополнителни мерки за општина Прилеп.

За таа цел, утре во посета на општината ќе бидат вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шеќеринска, вицепремиерот и шеф на Централниот кризен штаб, Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, со кои ќе разговараме за мерките кои дополнително треба да ги преземеме.

Ќе побарам поголема вклученост на армијата за спроведувањето на мерките и препораките од Владата и Министерството за здравство. Мора до го спречиме групирањето и гужвите пред банките и маркетите во градот.

Исто така, во оваа прилика сакам да потенцирам, компаниите каде има потврдени случаеви на нивни вработени кои се заразени со коронавирус, во вакви услови не смеат ниту да помислат повторно да ги активираат своите производствени капацитети, додека не се создадат барем минимални услови за работа, според проценките на стручните служби“, вели тој.

Total
0
Shares
Поврзани објави