Приведен 23-годишник за пукањето во Фантом

Во врска со пукотниците кои се случија ноќва во близина на мостот во населбата Бардовци, кога беше пукано со автоматско оружје во Борис Мутков – Фантом, од МВР потврдуваат дека е приведено едно лице.

Пукањето во полиција било пријавено точно на полноќ.

Пријавено е дека на влез во с.Бардовци било пукано кон Б. М. (40), кој се движел со возило „мерцедес“. Б.М. е пренесен во болницата „Систина“ за укажување помош. Во врска со настанот е приведен С.Е. (23) – MVR.

Се претпоставува дека синоќешниот инцидент има врска со пукањето во „Александар палас“ минатиот месец.

Борис Мутков – Фантом синоќа околу полноќ беше застрелан во близина на мостот  за населбата Бардовци. Во него е пукано додека се движел во автомобил, од пукањето е ранет и пренесен во Систина на лекување.

фото: Republika.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави