Полицијата утрово го приведе и Горан Ангелов претседател на здружението Ќосето. Тој како и поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков и пратеникот од Охрид Љубен Арнаудов се во полициска станица и дел од нив ќе бидат спроведени пред судија од претходна постапка откако обвинителството даде налог за нивно апсење. Осомничени се за настаниет од 27 април кога во Собранието на РМ упадна голема толпа народ и се обиде да линчува неколку пратеници, а многумина беа повредени. Вратите на Парламентот беа отворени од внатре и според снимките од безбедносните камери тоа го сториле пратениците кои се осомничени од Јавното обвинителство.
Поврзани објави
Официјално: Жената која беше пронајдена мртва во Струмица е убиена
67-годишната струмичанка која вчера беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во центарот на Струмица е убиена, јавува МИА,…
Се апсат поранешни министри и актуелен пратеник
Поранешни министри и заменици полицијата ги апси утринава. Според засега сè уште непотврдени информации станува збор за распределба…
Пожарите подметнати, грчките власти немаат оправдување за лошата евакуација
Грчкиот министер за цивилна заштита Никос Тоскас, на вонредна прес-конференција кажа дека има сериозни индиции дека катастрофалниот пожар…
Владата нема одговор дали ќе ги сруши сите дивоградби
Владата нема конкретен одговор дали ќе ги сруши сите дивоградби, како што тоа го стори со зградата кај…