Приведен кумот на Груевски, Ристо Новачевски

Кумот на Никола Груевски, Ристо Новачевки е приведен за истрагата за плацевите на Водно.

Утрово по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција е приведен Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски. Тој е приведен за истрагата за плацевите на Водно каде со група луѓе е осомничен за сторено кривично дело перење пари.

Обвинителството за перење пари ги сомничи и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

В.д. директорот на ЈП „Градски паркинг“ – Бојан Христовски денеска на Фејсбук сподели дека се повлекува од раководната позиција во претпријатието

Го пренесуваме во целост неговиот пост на социјалната мрежа: „Денеска навршуваат точно 8 месеци од моето именување за…