ПРИВЕДЕН ОРЦЕ КАМЧЕВ, ПО НАЈАВА ДЕКА САКАЛ ДА БЕГА

По сознание на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) дека бизнисменот Јордан Камчев, осомничен за неколку кривични дела, се спремал за бегство, тој денеска е приведен во полициска станица, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција  Вилма Русковска

Обвинителката Лиле Стефанова што ја води истрагата за нелегално купените плацеви на Водно за Никола Груевски преку фирмите на Орце Камчев веќе е упатена кон Кривичниот суд во Скопје за да поднесе предлог за мерка притвор.

Против Камчев се води големата истрага за „Империја“ за која вештачење прават професори од Економскиот факултет при УКИМ. Во „Империја“ е осомничен и Сашо Мијалков кој е во притвор по пресудата од 12 години затвор за масовното прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“.

Денешното приведување нема врска со „Империја“.

избор: сдк.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави