Разузнавачот Тоше Кошиновски, по налог на скопскиот Кривичен суд, а заради доиздржување на затворска казна, денеска бил приведен од полицијата. Кошиновски бил уапсен во кафуле, во скопската населба Ново Лисиче, во моментите додека седел со свој пријател. Пред да биде уапсен Кошиновски случајно се сретнал со неговиот пријател кого го оставил на кратко, бидејќи заминал до некоја од околните обложувалници. Кратко време по неговото враќање, Кошиновски бил уапсен од петмина полицајци. Разузнавачот Тоше Кошиновски, за кривично дело шпионажа, е правосилно осуден, на затворска казна во траење од три години. Тој има издржано две третини од затврската казна, но за него, по налог на Кривичниот суд, била активирана потерница.
Поврзани објави
Чавков – ме понижија , а амнестијата е врв на политичка контаминација на судството
Дел од завршните зборови на Митко Чавков поранешен директор на БЈБ. Вистината за 27 април е една и…
Кривичен: Судот не е виновен за бегството на Груевски !
Во однос на обвинувањата упатени до судот поврзани со предметот, од обвинителството означен како „Тенк“, ја информираме јавноста…
Македонски државјанин осомничен за учество во паравојската на ИСИС
Во рамките на истражната постапка во врска со предметот каде седум лица се осомничени дека како странски терористички…
По две и пол години судење процесот за апсењето Мијалков на Бошкоски ќе почне од почеток
Две и пол години од судењето за случајот „Тортура“ во кој му се суди екс директорот на УБК,…