Призна дека свиерпо ја уби , доби 30 години затвор за убиството бугарската новинарка

Убиецот на бугарската новинарка Викторија Маринова е осуден на 30 години затвор.

Северин Красимиров се изјаснил за виновен и побарал по брза постапка да му биде изречена казната. Исто така, тој пред бугарскиот суд изјавил дека вечерта кога го извршил убиството бил под дејство на алкохол и наркотични средства, пишуваат бугарските медиуми.

21-годишниот Красимиров пред судот изјави дека се сеќавал дека се расправале, по што ја удрил, силувал и задушил, но не ја познавал, таа била непозната за него.

Телото на младата новинарка беше пронајдено минатата година на 6 октомври во реката Дунав, во градот Русе, Бугарија.

По свирепото убиство Северин побегнал во Германија, каде беше уапсен и предаден на бугарските полициски власти.

Total
0
Shares
Поврзани објави