Продолжен притворот на Боки 13 и Кичевскиот

Кривичниот совет денеска им ја продолжи мерката притвор на Бојан Јовановски и Зоран Милески за уште 30 дена. Образложението е опасност од бегство, уништување на траги, влијание врз сведоци и повторување на делото.

Јовановски и Милески веќе два месеци се во притвор во истражниот затвор „Скопје“, како осомничени во случајот „Рекет“ односно според обвинителство тие од бизнисменот Орце Камчев зеле 1,5 милиони евра за да влијаат да се запре кривичен прогон за случајот „Империја“ што го води СЈО.

Ова е второ продолжување на притворот за Боки 13 и Кичеец. Обвинителството доколку поднесе обвинение тие ќе останат во притвор, но ако не успее ќе бидат пуштени на слобода.

– Ако сметаме до колку може да бидат осомничените во притвор, ако сакаме да опстои притворот и понатаму, во рок од три месеци мора да биде подигнато обвинение, појасни обвинителката Вилма Рускосвска.

За истиот случај осомничена е и  специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која исто така се наоѓа во 30 дневен притвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Нинџа со нови детали: Директорот на УБК му рекол “комуњарите сакаат да бираат претседател и во секој момент треба да биде прогласена воена состојба”

„За заедничка Македонија“, беше формирана од ВМРО-ДПМНЕ и имаше фиктивни водачи. На протестите на „За заедничка Македонија“ 80…