Професорите од Економски обвинети за мито и секс услуги од студенти добија затворски казни

Професорите Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски и Драган Денковски обвинети во случајот „Еразмус“, добија првостепени осудителни пресуди.

Најмала казна доби првообвинетиот Шуклев и тоа затвор од две години за примање поткуп. Обвинетиот Драги Јанев, за кого судот кажа дека исто како Шуклев барал сексуални услуги од студентки за да потпише преодни оцени, осуден е на две години и шест месеци затвор. Професорот Славе Ристевски е исто така осуден на две години и шест месеци затвор.

Условно осуден е и демонстраторот на Економскиот факултет, Драган Денковски, кој бил посредник меѓу студентите и професорите.

Обвинителството во текот на судскиот процес приложи многу докази ПИ мерки и сведоци.

Ослободен од обвинението е професорот Стојан Дебарлиев, кого судот го прогласи за невин. Професорите добија и забрана за вршење дејност во траење од 10 години, а на Денковски во траење од пет години.

Професорите се судат четири години за обвиненија за поткуп од 500 до 1.000 евра за да пишуваат предни оценки на студенти.

Пресудата не е правосилна, осудените имаат право на жалба.

Total
0
Shares
Поврзани објави