Промените на Сонцето во последните 10 години прикажани во 61 минутен филм изработен од фотографии снимени од опсерваторијата на НАСА

.Америкнската вселенска агенција НАСА објави едночасовен филлм од споени фотографии од Сонцетото собирани изминатите десет години. Овие фотографии се правени од обсерваторијата за Сончевата динамика во НАСА -СДО, која го набљудува Сонцето цела декада. СДО собрала над 425 милиони фотографии од Сонцето со висока резолуција, или неверојатни 20 милиони гигабајти податоци во последните 10 години. Овие информации овозможиле нови откритија за тоа како функционира најблиската ѕвезда до нас и како таа влијае на Сончевиот систем.
Со повеќе инструменти СДО прави фотографии од Сонцето на секои 0,75 секунди, а иструментите за атмосферско снимање правеа слики на секои 12 секунди на 10 различни бранови должина на светлината. Во филмот од овој десетгодишен временски период се прикажани фотографиите направени на бранова должина од 17,1 нанометар, а тоа е екстремна ултравиолетова бранова должина на светлината, и го прикажува најодалечениот атмосферски слој на Сонцето-короната. Составувајќи по една фотографија направена на секој час во филмот се прикажува една деценија од ќивотот на Сонцето за 61 минута. Во видеото од фотографии се прикажани промените во активностите на Сонцето, значајните настани кои се јавуваат како дел од 11-годишниот сончев циклус , како што се транзитирање на планети и ерупции.

Извор: НАСА-nasa.gov/mission_pages/sdo/main/index.html

Total
0
Shares
Поврзани објави