Пронајден и втор мртов војник причините за смртта се уште се непознати

За два дена беа пронајдени две тела на хрватски војници, а не се разјаснети околностите за нивната смрт.

Денес е пронајдено тело на мртов хрватски војник, само два дена откаково вторникот беше пронајдено тело на уште еден припадник на хрватската армија. Засега, околностите за двата случаи не се разјаснети.

Во вторникот во загребачката жупанија е пронајдено телото на смртно насраданиот војник кој доброволно служел воен рок, објави хрватското Министерство за одбрана.

По овој трагичен настан, денес беше пронајдено тело на уште еден војник, во бјеловарско-билогорската жупанија.

Тој е член на вооружените сили на Република Хрватска.

Истрагата е во тек, а полицијата, Воената полиција и Државното обвинителство ги утврдуваат околностите за овие смртни случаи.

Total
0
Shares
Поврзани објави