Пронајдена е исчезнатата Александра Скорниева

Девојката била забележана од нејзини сограѓани кај езерото Младост, кои ја известиле полицијата кој ја пронашле жива и здрава, информира порталот ВелесДенес.

29-годишната Александра Скорниева, која вчера утро околу 8:15 минути излегла од својот дом и по неа се трагаше 24 часа.

Таа била пронајена кај мостот на браната на езерото Младост, во добра здравствена состојб со мала повреда на телото, информираат од СВР Велес.

Прва ја забележала велешанка која била дел од потрагата, која за Батали.нет раскажа како ја пронашла младата Александра, но сакаше да остане анонимна.

„Околу 9:30 утрово стигнавме со џип пред мостот на езерото и јас излегов од возилото. Тргнав да се движам по мостот пеш и од провалијата слушнав тивки повици за помош. Се наведнав, но од бујното зеленило, не можев да забележам од каде доаѓаат повиците.

Викнав, а девојчето рече дека ќе ги заниша гранките за да можам да забележам каде е. Беше во седечка положба. Ја прашав дали се вика Александра и таа ми потврди.

Ми рече дека не ги чувствувала нозете и разете, но не знае дали и е тоа од повреда или од студот, бидејќи ноќта била ладна. Потоа се јавивме во полиција, а до моментот додека полицијата пристигна, во оние 15 до 20 минути, цело време разговаравме со девојката. Кога полицијата стигна, почна акцијата за нејзино извлекување од провалијата.

Така, на олеснување на сите нас, заврши овој настан“, раскажува велешанката која прва ја забележала Александра Скориева.

Total
0
Shares
Поврзани објави