Протести по пресудите за случајот „Монструм“: Повредени седум полицајци

Седум полицајци се повредени за време на денешниот протест по пресудите за случајот „Монструм“. Демонстрантите, кои тргнаа од парк Чаир преку Кривичниот суд до Влада, се судија со полицијата кај Бит пазар, фрлаа камења, при што седум полициски службеници се повредени, објави државната агенција МИА. Нападната беше екипа на МИА и на дневниот весник „Слободен печат“.

За растерување на топлата, полицијата употреби шок бомби.

Пресудата за случајот „Монструм“, кој се однесуваше на петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година, беше изречена на 23 февруари во Основниот кривичен суд. Доживотни казни затвор добија обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, 15 години затвор доби обвинетиот Фејзи Азири и девет години затвор доби обвинетиот Хаки Азири. Ослободен од обвинението беше Сами Лута. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се избегани во Косово.

извор: slobodenpecat.mk фото сопственост на slobodenpecat.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави