Прв смртен случај од корона вирус во Македонија

Пациентка на 57 годишна возраст е првата жртва како последица од заразување со корона вирус. Жената покажала првични знаци на вирусот но по направениот тест резултатите биле негативни. Била лекувана на инфективно во Куманово. Но нејзе нагло и се влошила состојбата и таа синоќа починала. По констатирањето на смртта бил земен брис кој е позитивен. Соодветно се третира и нејзиниот син.

Министерот Венко Филипче информира дека просечната возраст е 45 години, хоспитализирани се повозрасните пациенти. За информацијата дека во Штип заболен е директор на конфекција , министерот вели не смее да има паника се прават сите неопходни мерки за заштита и контрола. Истото важи и за Скопје каде има најмногу заболени.

Total
0
Shares
Поврзани објави