Деновиве адвокатските друштва обвинети, сведоци и други странки во постапката за настаните од 27 април лани за која ќе се суди за тероризам добија невообичаени судски покани. Поканите се со долг текст и прецизни датуми за закажани судски термини. Првиот е на 22 август, а последниот термин е 30 ноември. Доколку се одржат како што е планирано првата пресуда за овој случај може да падне или на почетокот на декември или најдоцна околу Нова Година. Предметот е огромен со многу обвинети и сведоци. Дел се во притвор дел во куќен притвор.
На поканата јасно е наведено дека доколку поканетиот сведок не се појави на закажаниот термин и не го оправда отсуството ќе биде доведен со полција.
Судијата Добрила Кацарска ги закажа рочиштата однапред за да знаат и бранителите на обвинетите да го планираат роковникот оти закажувањето рочишта по одржано рочиште поради обврски на адвокатите може да биде многу проблематично и да го одолговлекува предметот. Исто така поради обемноста на предметот со обвинети треба да биде однапред резрвирана сала за судење која не е искличено да биде свечената сала во Врховен суд со оглед дека има многу обвинети ќе присуствуваат нивни роднини , но и огромен интерес од медиумите.
Меѓу обвинетите се петмина пратеници. 28 лица ќе одговараат за тероризам, а двајцата агенти од УБК кои ги одземаа снимките од безбедносните камери во Собранието, ќе одговараат за помагање. Обвинет е и ексдиректорот во МВР Митко Чавков и други старешини од МВР и од Агенцијата за разузнавање. Обвинети се и актер и оперски пеач.
Поврзани објави
Монако ги замрзна парите поврзани со истрага за тендер за центрите за дијализа
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби официјално известување од Обвинителството на Кнежевството Монако…
Во такси се договарале како да го запалат возилото на Шилегов
Полицијата приведе две лица на возраст од 22 и 24 години, осомничени дека му го запалиле возилото на…
Русковска не дојде на “Рекет”
Обвинителката за организиран криминал, Вилма Рускоска, не се појави на денешното рочиште за случајот Рекет. Наместо неа, сведокот…
3000 евра оштета за скопјанец каснат од куче скитник
Во Одновниот суд 2 во Скопје е изречена пресуда со која судот им наложува на Град Скопје и…