Прва сообраќајка на неотворениот автопат Миладиновци – Штип

Возел на автопатот Миладиновци- Штип кој уште не е пуштен за сообраќај, па завршил во болница, се дел од насловите кои утринава ги пуштија порталите. Иако министерот за транспорт и врски повика да не се користи автопатот Миладиновци Штип оти се уште се работи и официјално не е пуштев во употреба веќе неколку дена возачите го користат.

Еден од нив вчера возејќи на автопатот  кај клучката за влез во Свети Николе, со патничко моторно возило “Голф“ со скопски регистерски таблици, управувано од Г.М.(1986) од Берово, удрил во сообраќајни знаци.

Г.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од Полициската станица Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави