Првпат во 57 години Атиџе слави роденден, Турунџиева ѝ подготви големо изненадување

Протагонистката од хит-документарецот „Медена земја“ наполни 57 години.

Она што го прави нејзиниот роденден особено значаен е фактот што Атиџе за првпат ги дувна свеќите на роденденската торта.

Сузана ѝ приреди вистински празник на Атиџе во еден скопски ресторан, бидејќи самата никогаш во својот скромен живот тоа го нема доживеано.

„Кога некој првпат во животот слави роденден и првпат дува роденденски свеќички заслужува (минимум) тридневно славење“, порачува Турунџиева.

Инаку, веќе неколку месеци Турунџиева активно се дружи, ја поддржува и ѝ помага на Атиџе.

Токму пред новогодишните празници, познатата Сузана се потруди со сите можни средства да ѝ помогне на Атиџе, организирајќи хуман настан.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

На жителите на Бањска им е дозволено да го напуштат селото или да влезат во селото во случај на некого да му биде потребна медицинска помош

Како што јави телевизијата Клан Косова, дронот ги снимил моментите кога напаѓачите бегале, и по конфликтот со полицијата…