Психолог од Скопје со апел: „Сите жртви средношколки од Јавна Соба можат да ми се обратат за психолошка помош“

Сега треба да покажеме дека сме тука за девојките засегнати од групата „Јавна Соба“ на Телеграм, психологот Ана Попризова со потег за пофалба.

И додека регионот го тресе скандалот за грозоморните дела на професорот по глума Мика Алексиќ, Македонија ја тресе скандалот од групата „Јавна Соба“ на Телеграм, каде девојки се мета на мажи кои споделуваат нивни фотографии, лични податоци и невкусни коментари.

Ана е храбра 28-годишна девојка од Кавадарци која јавно проговори низ што минала, поради тоа што нејзина фотографија со невкусен коментар и нејзиниот телефонски број осамнале во оваа група.

По нејзиното огласување се крена лавина од реакции на социјалните мрежи, а меѓу многумината кои ѝ дадоа поддршка за потегот е и психологот Ана Попризова.

Ана, училишен психолог и гешталт терапевт, на својот Фејсбук профил напиша:

„По ова што се покажува од содржините во Јавна соба, сакам да ги информирам сите жртви средношколки дека можат да ми се обратат за психолошка помош.

Ќе направиме мрежа на поддршка!

Ве молам споделете!“

извор; crnobelo.com

Total
0
Shares
Поврзани објави