Психолошка помош од Клиниката за Психијатрија за изолирани и жителите на Дебар, камионџиите во изолација во кабините од возилата

Клиниката за психијатрија почнува со психолошка поддршка на родители со деца , на луѓе во изолација и оние кои живат во Дебар. Ќе бидат објавени броеви на кои овие лица може да добијат психолошка помош, информира министерот Венко Филипче.

Најновите тестови се нагативни, а во моментов се вршат тестирања на седум сомнителни слушаи. Сите 18 пациенти кои се позитивни на корона се во добра состојба.

Попладе во 19 часот е предвидена сендица на Влада после која министерот ќе даде нови информации.

Во врска со транспортот на стоки камионџиите ќе бидат во мини карантин во својата кабина. Се подготвува документација за возачите кои носат стока за извоз и увоз која ќе предвидува нови мерки за побрз проток на стоката и безбедност на возачите и магационерите.

ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје ги информира граѓаните дека во наредниот период, во врска со новонастанатата ситуација со COVID 19, ќе организира дополнителна телефонска психолошка поддршка за оние граѓани и ранливи групи на пациенти на кои овој вид помош им е потребна и тоа:

1. Психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст – тел. 072912676

2. Психолошка поддршка на возрасни лица во самоизолација – тел. 072919009

3. Психолошка поддршка на граѓаните на општина Дебар и општина Центар Жупа, во соработка со Општа Болница Дебар тел. 070 241 807

4. Пациентите закажани во Мој Термин за психолошко советување и психотерапија во закажаниот термин ќе бидат контактирани од страна на психолог и ќе се спроведуваат телефонски, со можност за видео врска на некоја од интернет мрежите (по договор).

5. Психолошка поддршка на хоспитализирани пациенти поради COVID-19 , во соработка со ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби

Граѓаните можат да се јавуваат на овие телефони од 9 – 16 часот, од 17.03.2020

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Нов силен земјотрес во БиХ

Почвата во областа на Херцеговина не се смирува, а последните земјотреси се забележани попладне и вечерва во Невесиње…