Пукање на Велики Петок во Скопје: Седел во кафеана па го видел пријателот ранет

Во 16,25 часот од Градска општа болница „Наум Охридски“ била примена пријава за донесено лице со повреда од оружје, за кое подоцна е утврдено дека се работи за 21-годишниот В.И. од Скопје.

Повредениот бил донесен во Градска општа болница од страна на 22-годишниот Е. М. од Скопје, според чие кажување додека седел во угостителски објект на улицата „Цветан Димов“ во Скопје слушнал пукање, а потоа му пришол В.И. со кого се познавал од претходно и му се пожалил на болка во ногата и видел дека крвари, по што го пренел во болница.

Од страна на полициски службеници било разговарано и со В.И. и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави