Пукање во Чаир, нема пријави за повредени лица

Пред продавница за автоделови во скопската населба Чаир попладнево имало пукање, во кое досега, како што соопштија од МВР, нема пријавено повредени лица.

Според очевидци, судирот се случил помеѓу две групи млади лица кои откако физички се пресметале, употребиле и автоматско оружје од типот Калашников. Во моментов нема пријавени жртви.

-На 20.11.2020 во 14:55 пријавено е пукање од огнено оружје на ул.„Цветан Димов” пред продавница за автоделови. До сега нема пријавено повредени лица. На местото на настанот се пронајдени чаури од огнено оружје, посочуваат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави