Пуштен на слобода човекот кој ја предизвика сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ

Алсин Левент (35) кој што ја предизвика сообраќајката во која што загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ пуштен е да се брани од слобода.

За сега не е познато во кој град се наоѓа турчинот го германско државјанство, а неговиот адвокат Јерит Шол не сакаше да ја објави информацијата.

Како што објасни тој, „Левент во меѓувреме му биле упатени многу закани по неговиот живот“.

После несреќата, Левент на полицијата не им даде точна адреса на живеење, а објаснувањето кое го даде пред државниот обвинител Кристоф Макел, гласело: „Раскинав со девојката и се иселив од станот, се уште немам друг“.

Total
0
Shares
Поврзани објави